Речиси три децении, фестивалот Golden Drum опстојува како една од најпрепознатливите крстосници за креативните, маркетинг и огласувачки професионални заедници во европскиот огласувачки простор. Фестивалот секогаш имал длабоко влијание врз развојот на индустријата, не само во некогаш толку познатата Нова Европа, туку и пошироко.
Секоја година на фестивалот се слават најдобрите идеи, најдобрите креативни тимови и најдобрите поединци кои оставиле свој белег во индустријата – оние кои успеваат да вдишат душа во одлична идеја. Во изминатите две години, ковид-пандемијата спречи таа прослава да се одржи лице во лице, но од Golden Drum сега се повторно подготвени да ја обноват врската со своите „Барабанџии“!
„Golden Drum започнува едно уникатно патување. Нашата екипа е подготвена да се пресели и да се смести во Ровињ, Хрватска, на само 70 километри од Порторож. Навистина, оваа година ќе ја славиме креативноста во сиот нејзин сјај на 23 септември на хрватската ривиера“, најави Мојца Бришчик, претседателка на фестивалот Golden Drum.
Домаќин на еднодневната програма на Golden Drum ќе биде Weekend Media Festival, најголемиот регионален медиумски фестивал. Ден полн со инспирација, креативност и извонредни професионалци со наградно шоу и луда забава за сето тоа да се надополни.
„Ние сме исклучително почестени ни е да му посакаме добредојде на Golden Drum на Weekend Media Festival. Golden Drum со децении е синоним за извонредност во креативната индустрија. Оваа соработка ги поврзува двата најголеми медиумски, маркетинг и комуникациски настани во регионот. Со нетрпение очекуваме да се собереме сите заедно во Ровињ!“ – изјави Томо Рицов, директор на Weekend Media Festival.