Креативниот натпревар Golden Drum бележи зголемување на пријавените кампања, при што најголем број креативни дела биле пријавени од Украина, Романија, Полска, Словачка, Унгарија и Бугарија. Повеќе од половина од креативните решенија биле пријавени од независни агенции. Бројот на пријавени кампањи во секцијата Creative Media Excellence ги надмина очекувањата на директорите на фестивалот. Победниците на Golden Drum ќе бидат прогласени за време на церемонијата за доделување награди, поддржана од Mastercard, на 10 октомври во Порторож, Словенија. Мотото на Golden Drum останува силна конкуренција, добра едукација, ѓаволски предизвик и луда забава.
Затворено пријавувањето, започна жирирањето
Огласувачи, агенции и други професионалци за маркетинг комуникации од 29 различни земји ги поднесоа своите најдобри кампањи во пет различни натпреварувачки секции: One-Channel Drum, Omni-Channel Drum, Craft Drum, Creative Media Excellence Drum, Creative Business Excellence Drum, како и специјалната All Juries Section.
„Golden Drum традиционално игра важна улога во креативната, маркетинг и адвертајзинг заедница во европскиот огласувачки простор. Затоа, ние сме исклучително горди што фестивалот оваа година се враќа уште посилен. Агенции од дури 29 земји ги доставија своите креативни проекти оваа година, надминувајќи ја бројката од минатата година. Најмногу пријавени кампањи пристигнаа од Украина, Романија, Полска, Словачка, Унгарија и Бугарија (по тој редослед), а најдобриот одзив од нововклучените пазари доаѓа од Шведска. Како најпријателски фестивал наоколу, едвај чекаме повторно да се видиме на словенечкото крајбрежје, во Порторож“ – истакнува Миха Бевц, ко-директор на натпреварот.
„Фестивалот Golden Drum со гордост објавува дека секцијата за нови медиуми е повеќе од добро прифатена меѓу учесниците на натпреварот – дури 128 проекти во сферата на креативната медиумска извонредност ќе се натпреваруваат за награди. Секцијата “One Channel” сѐ уште предводи со најголем број пријавени кампањи, при што категориите Print, Film и OOH се покажаа како најсилни. Верувам дека ќе има голема конкуренција со многу извонредни, свежи и возбудливи кампањи. Да им аплаудираме на сите победници во Порторож, во октомври, на најпријателскиот фестивал во светот“ – додава Шпела Левичник Облак, ко-директорка на натпреварот.
Двостепениот процес на жирирање веќе започна. Жири-комисиите се предводени од извонредни професионалци од целиот свет: Панчо Касис, партнер и глобален генерален креативен директор на агенцијата DAVID од САД/Шпанија; Арон Старкман, глобален генерален креативен директор на Rethink од Канада; Ашвини Дешпанде, ко-основач и директорка на Elephant Design од Индија; Барбара Еванс, управен партнер во Mediaplus Group од Германија; и Даниела Ијеба, директорка за комуникации во Global Heineken® Brand од Холандија.
Кулминацијата на натпреварот Golden Drum ќе биде специјалниот гала настан, во чест на извонредната креативност и прогласувањето на најдобрите од најдобрите за 2023 година: победникот во натпреварот за млади креативци напојуван Young Drummers, поддржано од Словенечкото туристичко биро; добитниците на бронзени, сребрени, златни и Grand Prix награди, добитниците на специјалните награди Brand Grand Prix, Best of Social Good, Best of Genius Loci, како и новата награда Game Changer поддржана од Telemach Slovenia; добитникот на престижната титула „Јадранска агенција на годината“ поддржана од Zavarovalnica Triglav; наградата „Независна агенција на годината“ поддржана од Allfred.io, наградите „Агенција на годината“, „Продукциска агенција на годината“ и „Дигиталната агенција на годината“, потоа наградата за „Медиска агенција на годината“ поддржана од BH Telecom, наградата за „Креативен директор на годината“ поддржана од Elan и наградата за „Агенциска мрежа на годината“. За време на вечерната прослава ќе биде воведен и новиот член на Golden Drum Hall of Fame.
Потесниот избор на пријавени кампањи ќе биде објавен на 2 октомври, додека пак главната наградна церемонија ќе се одржи на 10 октомври. Повеќе информации за натпреварувачкиот дел на Golden Drum можат да се најдат на следниот линк.
Young Drummers: пријавени креативни решенија од 17 земји
Овогодинешниот предизвик да се дизајнира најдобриот и најкреативниот постер или серија постери на тема „A Date with a Masterpiece“ беше прифатен од креативни таленти од 17 земји.
Годишниот натпревар Young Drummers им овозможува на креативците под 30 години од целиот свет да ја покажат својата креативност, да го привлечат вниманието на сцената на Golden Drum и да освојат награда од 1.000 евра.
Најдоброто креативно решение ќе биде избрано од петчлено жири предводено од Микола Коваленко, основач и директор за дизајн во Mykola Kovalenko Studio од Украина/Словачка, а победникот ќе биде прогласен на главната церемонија за додлеување награди на Golden Drum на 10 октомври.
Повеќе информации за натпреварот за млади креативци Young Drummers може да се најдат на следниот линк.
Позната фестивалската програма на Golden Drum
На фестивалската сцена на Golden Drum ќе се најдат 16 светски познати говорници. Делегатите ќе можат да се вмрежат и да уживаат во пријателската атмосфера на две забави – едната на самиот старт на фестивалот во Порторож, а другата при неговото завршување во Пиран.
Фестивалот ќе го започнеме со „жесток удар“ на незаборавната „Забава за загревање“, поддржана од Radio Capris, во News Café Bernardin во Порторож на 9 октомври. Подгответе се за незаборавно дружење каде срдечно ќе ве пречекаме со национални честитки од Словенија, Унгарија, Македонија и Србија.
На 10 октомври започнува ден исполнет со извонредни сесии:
- Ејми Роџерс, директор за содржина во WARC Creative ќе го истражи прашањето: „Does the Crisis in Creative Effectiveness Persist?“
- Барбара Еванс, управен партнер во Mediaplus Group и Ева Бодекер Тунборг, генерален извршен директор во Mediaplus Nordic ќе понудат увид во важната тема за одржливоста за време на нивната сесија „Sustainability – let’s walk the talk!“
- Кинга Грзелевска, управен партнер и креативен директор во MullenLowe од Варшава, ќе зборува на тема „Can advertising save the world?“, фокусирајќи се на прашањето за целта на брендовите.
- Во „The big AI debate: GOOD vs EVIL“ ќе учествуваат Елав Хорвиц, извршен потпретседател, глобален директор за применети иновации во McCann Worldgroup, Емилијано Гонзалес Де Пjетри, генерален креативен директор во McCann Spain и Каталин Добре, член на Golden Drum Hall of Fame и ко-извршен директор и генерален креативен директор на McCann Worldgroup Romania и регионален креативен директор на McCann CEE.
- Роб Чалмерс, генерален директор за искуство во Dentsu Creative, EMEA, ќе зборува за „Experience in an era of exponential change“.
- Тркалезната маса поддржана од Mastercard на тема „Can ESG drive a true competitive advantage?“ ќе биде домаќин на Јержи Холуб, маркетинг директор на Mastercard за Полска, Чешка и Словачка, Андреј Крајнер, директор за комуникации при NLB Group Slovenia и Дариуш Мациолек, извршен директор за маркетинг, комуникации и социјален ангажман на Bank BNP Paribas од Полска.
- Инспиративно предавање на темата „Plurality of Design in India“ ќе одржи Ашвини Дешпанде, ко-основач и директорка на Elephant Design од Индија.
- Даниела Ијеба, директорка за комуникации за глобалниот бренд Heineken и Михнеа Георгиу, генерална креативна директорка на Le Pub Global, ќе ги откријат тајните на успешната приказна на Хајнекен во презентацијата насловена „150 Years On – Navigating the Future of Socialising“.
- Даниел Кабаи, директор за креативна стратегија во Netflix за Европа, Блискиот Исток и Африка, ќе зборува на тема “Telling Stories About Stories”.
- Барни Ворфолк-Смит, управен директор на DAIVID за Европа, Блискиот Исток и Африка, ќе зборува за емоциите во огласувањето за време на предавањето насловено „Emotionally Charged: Understanding emotion in ads with AI to drive effectiveness“.
Кулминацијата на денот ќе биде наградната церемонија за креативниот натпревар на Golden Drum, поддржана од Mastercard. Денот ќе биде заокружен со заедничка прослава на победиците на забавата „Golden Star“, организирана од Golden Drum и HitRadio Center во Caffe Teater во Пиран.
Целосните детали за програмата на овогодинешниот Golden Drum се достапни на следниот линк.
Важни датуми и информации
Објавување на потесниот избор за креативниот натпревар на Golden Drum: 2 октомври
Наградна церемонија на Golden Drum поддржана од Mastercard: 10 октомври
Жири на Golden Drum: https://goldendrum.com/competition/juries
Програма на Golden Drum: https://goldendrum.com/program/monday
Учество на Golden Drum: https://goldendrum.com/attend/fees-and-payment