Меѓународниот фестивал на креативноста Golden Drum 2024 минатата недела го најави своето јубилејно 30. издание, кое ќе се одржи на 9 и 10 октомври во Порторож, Словенија.
Тогаш, заедно со најавата на новото издание, беа објавени и имињата на претседателите на жири-комисиите за категориите „One-Channel“, „Omni-Channel“ и „Craft“, а сега таа листа се комплетира со претседателите на жири-комисиите за категориите „Creative Media Excellence“, „Creative Business Excellence“ и „Young Drummers“.
Жирито во категоријата „Creative Media Excellence“ ќе го предводи Џенет Левин, глобална директорка за иновации во Mindshare од САД.
Џенет има повеќе од 17 години искуство во медиската индустрија, фокусирана на стратегија, комуникации, планирање, односи со клиенти и креативност. Таа ја започна својата кариера во областа на медиското планирање, а потоа продолжи да го води одделот за иновации на Mindshare во САД. Таа исто така ја водеше глобалната медиска стратегија за Nike со цел поврзување со спортистите ширум светот. Таа во моментов е глобален директор за иновации во Mindshare и ја води глобалната стратегија на Unilever. Џенет е често цитирана од публикации како AdWeek, Digiday, AdAge, NBC News и други, а има учествувано и во жирирањето нанаградни фестивали од индустријата како што се The Smarties, AdWeek Media Plan of the Year и Festival of Media.
Со жирито во категоријата „Creative Business Excellence“ ќе претседава Адам Керж, генерален креативен директор на Accenture Song Europe од Данска.
Адам може да се повали со повеќе од 25 години искуство и има освоено над 100+ големи глобални огласувачки награди, вклучувајќи Cannes Lions Grand Prix, D&AD, One Show, Webby’s, Clios, Effie’s и Eurobest, и тоа за иконични глобални брендови како Ikea, Oreo, Pampers, Puma, Coca-Cola, Tide, Toyota, Ben & Jerry’s. Адам ја имал привилегијата да служи како член на жирито и претседател на жирито во D&AD, One Show, Clios, LIA, Webbys, Eurobest и претставува чест говорник во индустријата, вклучително и на Cannes Lions. Пред да се приклучи на Song, тој служел како генерален креативен директор на 360i/Dentsu US, Wunderman Thompson New York и McCann Worldgroup Nordics.
Оценувањето на пријавените дела во натпреварот за млади креативци „Young Drummers“ ќе го води Озге Ѓувен, директорка за дизајн во TBWA/Istanbul од Турција.
Озге е графички дизајнер и уметнички директор од Истанбул со повеќе од 10-годишно искуство. Таа учествувала во формирањето на одделот за дизајн во TBWA/Istanbul и го води дизајнерскиот тим на агенцијата како Директор за дизајн. Таа има освоено многу награди на натпревари како што се D&AD, Golden Drum, Cannes Lions, One Show, Epica, Loeries, Kristal Elma и Felis и била член на жирито, претседател на жирито и говорник на фестивали како Cannes Lions, Golden Drum, China Internationale Poster Biennial, Kyiv Internationale Advertising Festival, Kristal Elma и Felis. Озге беше вклучена во листата „Women to Watch“ во 2019 година.
Конкурсот за пријавување на кампањи за јубилејното 30. издание на Golden Drum ќе биде отворен на 1 март. Сите информации за пријавување и учество можат да се следат на официјалната веб-страница www.goldendrum.com.