Десет меѓународно признати експерти од областа на креативната индустрија се придружија на 24 издание на Golden Drum Best Piece жири, со кое ќе претседава Bruno Bertelli, глобален креативен директор на Publicis Worldwide.
Меѓу нив и двајца македонци, Василије Ќорлука од Publicis One Македонија и Душан Дракалски од Demner, Merlicek& Bergmann.
Покрај нив, членови на Best Piece жирито се и: претседателот на жирито Bruno Bertelli глобален креативен директор на Publicis Worldwide; Zsolt Balogh, креативен директор на DDB Budapest, Унгарија; Alice Burton, креативец, Y&R London,Велика Британија; Nikolai Fabrika, креативен директор, Instinct (BBDO Русија) и основач, Cheapshot, Русија; Ioana Filip, извршен креативен директор, MRM//McCann Романија; Igor Mladinović, главен креативен директор, Imago Ogilvy, Хрватска; Alemsah Ozturk, CEO / Chief Happiness Officer, 4129 Greyand Chief Digital Officer, Grey EMEA, Турција; Kuba Sagan, креативен директор, K2, Полска; Svetlana Tsvelenyeva, креативен директор, TBWA\Украина.
Bruno Bertelli, претседател на Best Piece жирито и глобален креативен директор на Publicis Worldwide
Bruno е еден од двата најнаградуваните италијански креативци со меѓународни награди, вклучувајќи ги и 41 Cannes Lions, 9 Gold Cannes Lions, еден Grand Clio и еден Grand Prix на New York Фестивалот. Тој е член на жири комисиите и говорник на светските фестивали, вклучувајќи ги Eurobest, Kan и NY фестива и претседател на OOH жирито на Cannes Lions 2017. Bruno го претставува глобалниот креативен одбор и клиентите на Publicis Worldwide, вклучувајќи ги Рено, Нестле и Хајнекен.
Повеќе информации за Golden Drum фестивалот, может да пронајдете на: http://www.goldendrum.com/.