Фестивалот Golden Drum, организиран од Словенечката адвертајзинг комора, целосно го преработи своето натпреварување додека светот се справуваше со пандемијата, внесувајќи срце и душа во визијата за одржлива иднина. Витален дел од посветеноста на Фестивалот се и трофеите – најопипливите претставници на брендот.
Идејата за редизајнирање на трофеите се вртела неколку години, но последната го превагнала кантарот. Во релација со овогодишниот слоган “Re:start the Future”, тимот на Golden Drum со гордост ги претставува новите награди со поглед кон клучните предизвици на нашето време. Добитниците на награди оваа година ќе добиваат нови еко-одржливи трофеи.
„Се засновавме на идејата за природни и рециклирабилни материјали; наместо да одземеме нешто од престижот на наградите, ние веруваме дека овј новитет ги карактеризира со важна порака. Визуелниот изглед на трофеите на Golden Drum ја рефлектираат свежата насока на фестивалот, истовремено прикажувајќи го неговото лого на еден силен начин. Ние го реструктуиравме натпреварувањето оваа година, а новиот трофеј е совршениот начин како да се отпочне една нова ера. Гледате трофеј кој ја отелотворува нашата фестивалска ДНА“ – истакнува Мојца Бришчик, извршна директорка на Словенечката адвертајзинг комора и претседателка на фестивалот.
Трофеите го прикажуваат логото дизајнирано за фестивалот Golden Drum во 2018 година од страна на агенцијата Luna\TBWA од Словенија. Тоа е вградено во комбинација на одржливи и еколошки материјали – природни и рециклирабилни елементи, примрано дрво бидејќи на 60% од Словенија е поркриена со шума. Дрвото ја формира основата и оската на статуетката, давајќи ѝ ја елеганцијата на опкружувањето од каде фестивалот влече корени. Телото е создадено од рециклирана пластика; трофеите се тродимензионално испринтани од рециклирана пластика добиена од отфрлени пакувања од домаќинствата. Карактеристичната текстура изгледа целосно различно од нерециклираните материјали, придонесувајќи кон уникатната естетика на секое поединечно парче. Допир на сјај е додаден кон рециклираниот алуминиум, заокружувајќи ги елементите во една органска целина: совршена во својата несовршеност. Со ова, фестивалот ја продолжува својата низа на различности.
“Интегрирањето на обврските и концептите за одржливост во суштината на фестивалот е од клучно значење, бидејќи токму клучните чинители во адвертајзингот се способни да ги осветлат прашањата на нашата планета додека истовремено ја слават својата разновидност на изрази. Уште повеќе, убеденa сум дека нашата мисија е да се учествува во активности кои промовираат рамнотежа на одржлива обнова. Со редизајнирањето на трофеите, фестивалот Golden Drum се поклонува не само на креативната извонредност, туку и на нашиот матичен свет каде што сите ние коегзистираме “, коментира Полона Симшиќ, извршен директор на фестивалот.
Статуетките се произведени од компанијата Epigram, обезбедувајќи извонредност користејќи JUMBO 3D печатење за изработка на едноставни, но привлечни трофеи. Epigram е водечка компанија во регионот во визуелни комуникации, специјализирана за печатење во голем формат и JUMBO 3D печатење.
Фестивалот Golden Drum сака да ги поддржи одржливите трендови и намалувањето на глобалното јаглеродно влијание. Нивните нови трофеи се значително полесни, што влијае на превозот низ целиот синџир на снабдување. Тимот на Golden Drum верува дека секој придонес може дополнително да го поттикне обновливиот начин на размислување, без разлика колку е мал на прв поглед. Малку по малку, можеме да стигнеме заедно.
Со овој потег, фестивалот ја сигнализира својата волја да застане зад прашањата на планетата од кои сите зависиме. Сентиментот на новите трофеи е нашиот прв чекор во остварувањето на оваа критична цел, заеднички еколошки предизвик на човештвото.
Креативниот фестивал Golden Drum ќе се одржи од 13 до 15 октомври, во виртуелен формат, целосно бесплатно за гледачите. Повеќе информации на следниот линк.