Организацијата на маѓународниот фестивал на креативноста Golden Drum со големо задоволство ги соопшти имињата на првата серија на говорници кои ќе се придружат на виртуелната сцена на фестивалот од 13 до 15 октомври 2021 и ќе го споделат своето знаење.
Се работи за познати и признати имиња во глобалната креативна индустрија, и тоа: Дамиен Марчи, постар потпретседател за развој на корпоративна општествена одговорност во Vivendi од Франција; Ејнат Гуез, генерална извршна директорка и соосновач на Papaya Global од Израел; и Милош Илиќ, креативен партнер во o5 Transformation Design Consultancy од Србија.
Дамиен Марчи е добитник на Еми награда и застапник за развојот на содржини и искуства со општествено влијание – заложба која ја исполнува преку неговата водечка улога во иницијативите за корпоративна општествена одговорност во Vivendi, најголемата компанија за забавни содржини во Европа (Universal Music Group, Studio Canal, Gameloft итн). Тој има повеќе од 20 годишна кариера во глобалната индустрија за забавни содржини, проширувајќи ги границите на спојувањето на дигиталните платформи, раскажувањето приказни, брендовите и интеракциите со публиката во однос на големи субјекти како Big Brother, American Idol, Disney, Lego, Sorted Food, Imagine Dragons и други популарни видео игри, оригинални онлајн содржини, новински програми и иновативни телевизиски емисии.
Ејнар Гуез има преку 20 години искуство во менаџментот на работна сила и претставува една од водечките експерти за човечки ресурси во индустријата. Таа е генерален извршен директор и соосновач на Papaya Global, една од најбрзо растечките старт-ап компании во Израел која неодамна надмина вредност од 1 милијарда долари. Ејнар во голема мера инвестира во различноста и малцинските популации, од една страна преку одржувањето на разновидна демографска слика во компанијата и застапеност на жените од 50%, а од друга страна и со волонтирањето во Израелско-Палестинската економска иницијатива предводена од Светскиот економски форум.
Милош Илиќ има над 18 години искуство во адвертајзингот на неколку континенти и 14 години искуство како извршен креативен директор со солиден број на освоени награди. Милош започнал како предавач со ангажман во Училиштето за адвертајзинг во Мајами (Miami Ad School) и како креативен/стратешки консултант за Mars. Во потрага по поголем предизвик, тој го создал брендот Stiglo, ја ко-создал платформата Lorentzkraft и ко-основал консултантската компанија за дизајн и иновации o5 и креативната заедница Talent Tank 9. Тој исто така предава на Факултетот за применета уметност во Белград и ужива да стои на бурната крстосница на социјалните и технолошки иновации, дизајнот и визуелните комуникации.
Повеќе информации за овогодишното издание на фестивалот Golden Drum, пријавувањето за неговиот натпреварувачки дел и за бесплатната онлајн едукативна програма со одлични говорници, можете да најдете на следниот линк.