Креативниот фестивал Golden Drum ги претстави индустриските професионалци кои што ќе ги избираат најдобрите кампањи во секцијата CRAFT. Оваа натпреварувачка категорија има за цел да им оддаде признание на креативната извонредност и брилијантната изведба на идеите во одредени клучни сегменти на продукцискиот процес во адвертајзингот и комуникациите.
Всушност, кампањите кои што ќе добијат награди во оваа секција на фестивалот ги промовираат најдобрите практики кои помагаат за подигнување на нивото на „занаетчиските“ стандарди во комуникациската индустрија.
Натпреварувачката секција CRAFT е поделена во четири групи, кои понатаму се поделени во повеќе поткатегории:
- Групата Industry Craft е наменета за исклучителни практики во областа на бренд комуникацијата и дизајнот, надворешното огласување, печатот и издаваштвото, како и дизајнот на пакување.
- Групата Motion Craft е наменета за кампањи кои што ги илустрираат најдобрите практики во видео и аудио продукцијата, анимацијата, специјалните визуелни ефекти и слично.
- Групата Digital Craft има за цел да им оддаде препознае на исклучителниот дизајн, имплементација и корисничко искуство во дигиталната сфера.
- Групата Innovation Craft е наменета за креативни дела кои претставуваат најсовремени „занаетчиски“ идеи и форми. Пријавените дела во оваа категорија треба да демонстрираат уникатно и креативно размислување, но и детално да објаснат како делото решило некој проблем.
Претседавач на жирито за секцијата CRAFT ќе биде Ашвини Дешпанде, со-основач на директорка на Elephant Design од Индија.
Во оценувањето на пријавените кампањи, на Дешпанде ќе ѝ се придружат уште 12 членови на жирито:
- Илија Ануфриенко, основач и креативен директор на Bickerstaff.853 од Украина
- Клаудија Хофмајстер, основач, сопственик и извршен продуцент на Muellers Bureau од Австрија
- Карла Леверато, раководител на креативниот оддел во Google за Италија
- Габриел Маурон, генерален креативен директор на Havas од Швајцарија
- Пјотр Осински, регионален креативен директор на VMLY&R од Полска
- Мари Поумејрол, помошник креативен директор во Publicis Italy
- Горан Радиновиќ, креативен директор, арт директор и основач, во агенцијата Aritmija од Словенија
- Викторија Румианчевајте, раководител за уметност и дизајн во Not Perfect Vilnius од Литванија
- Михал Сек, извршен креативен директор и партнер во 180heartbeats + Jung von Matt од Полска
- Мари Сухишвили, извршен креативен директор на Windfor’s од Грузија
- Хуан Пабло Валенсија, регионален креативен советник во FCB Artgroup за Турција, Иран, Кавказот и Централна Азија; и
- Андреа Тот, генерален креативен директор во Kastner Budapes од Унгарија.
„Културната разновидност во нашиот свет е огромна, а сепак, возбудлива. Неверојатно е да се види како луѓето решаваат предизвик со креативност и емпатија што потекнува од нивната сопствена култура. Секогаш верувам дека навистина извонредното дело се раѓа од најголемите културни согледувања. Победничкото дело не само што треба да ги штиклира сите полиња за креативност, занаетчиство и влијание, туку мора и емотивно да ги придвижи луѓето. Многу сум понизна и почестена што ја добив поканата да бидам претседателка на жирито за CRAFT на креативниот фестивал Golden Drum. Во оваа ера на занаетчиство преводено од вештачката интелигенција, едвај чекам да видам како креативната заедница ги поместува границите оваа година“ – истакнува Ашвини Дешпанде, соосновач и директорка на Elephant Design од Индија и претседателката на жирито за секцијата Craft на Golden Drum.
Креативниот фестивал Golden Drum ќе се одржи од 9 до 10 октомври 2023 година во Порторож, Словенија. Повеќе информации на следниот линк.