Во словенечкиот крајморски град Порторож, на 9 и 10 октомври 2024 година, ќе се одржи јубилејното 30. издание на меѓународниот фестивал на креативноста Golden Drum. Конкурсот за пријавување на креативни проекти е веќе отворен, а промотивната понуда Super Early Bird трае до 26 април.
Во меѓувреме, фестивалот Golden Drum ги претстави имињата што ќе го сочинуваат стручното жири за натпреварувачката секција One-Channel. Оваа секција е наменета за кампањи кои биле имплементирани преку повеќе канали на комуникација. Пријавените кампањи треба да ја покажат креативната употреба на повеќе комуникациски канали, нивната интеграција и ефикасноста на имплементацијата на комуникациските решенија. Оваа натпреварувачка секција има 6 групи со дополнителни поткатегории: Integrated; Content; Engagement; Digital, Mobile & Technology; Health & Wellness; Sports, Pop Culture & Art.
Претседател на жирито за секцијата Omni-Channel ќе биде Кентаро Кимура, меѓународен генерален креативен директор и корпоративен директор на Hakuhodo и основач на Hakuhodo Kettle од Јапонија.
Во оценувањето на пријавените проекти, нему ќе му се придружат:
- Костин Богдан, извршен креативен директор, McCann Worldgroup Романија
- Александра Дорогунцова, креативен директор, Banda Agency, Украина
- Вељко Голубовиќ, извршен креативен директор, New Moment, Србија
- Михаи Гонгу, генерален креативен директор, Cheil Centrade Југоисточна Европа, Романија
- Петра Јанковичова, ко-основач и генерален извршен директор, Triad Prague, Чешка
- Керстин „Кесу“ Раидма, креативен директор, Tabasco, Естонија
- Давид Шчепаниак, генерален креативен директор, VML Полска
- Лаура Тохтуа, креативен директор, Hasan & partners, Финска
- Јолка Удичова, основач и партнер, Respect APP, Словачка
- Тајлан Јапичи, ко-основач и извршен креативен директор, BLAB, Турција.
„До неодамна, секогаш постоел точен одговор за решавање на деловните и социјалните проблеми. Секогаш имало целни студии на случај и најдобри теории на кои можевме да се потпреме. Тоа веќе не е така. Светот стана покомплексен, проблемите на општеството станаа потешки за решавање до тој степен што веќе нема точен одговор. Сега треба да создадеме други решенија кои ги предизвикуваат нашите способности, кои нè водат надвор од нашата имагинација. Со искористување на диверзификацијата на медиумите, новите технологии како вештачката интелигенција, можеме да гледаме на проблемите на незамислив начин и да најдеме повеќе простор за креативноста да ја направи својата магија. Како претседател на жирито за секцијата Omni-Channel, со нетрпение очекувам да тргнам во авантура со моите колеги – членови на жирито, за да истражуваме креативни дела кои се замислени и изведени на возбудливи и се надевам незамисливи начини“ – посочува претседателот на жирито Кентаро Кимура, меѓународен генерален креативен директор и корпоративен директор на Hakuhodo и основач на Hakuhodo Kettle од Јапонија.
Сите информации за фестивалот Golden Drum и начинот на пријавување се достапни на официјалниот веб-сајт на следниот ЛИНК.