Меѓународниот огласувачки фестивал Golden Drum, кој оваа година ќе се одржува по јубилеен 30. пат во Порторож, Словенија, го претстави составот на стручното жири кое ќе ги одбере најдобрите проекти во натпреварувачката секција “Creative Media Excellence”.
Именуваната секција е наменета за креативни дела со исклучителна медиумска стратегија, таргетирање и медиумско извршување. Членовите на жирито ќе се фокусираат на паметни медиумски кампањи со приоритет на креативната и ефективна употреба на каналите за да се пренесе пораката на брендот до целната публика. Пријавените проекти исто така треба да го демонстрираат исполнувањето на целите на кампањата. Оваа секција има две под-групи: “Creative use of Media” и “Excellence in Media”, кои понатаму се поделени во уште неколку категории.
Жирито за “Creative Media Excellence” ќе го предводи Џенет Левин, глобална директорка за иновации во Mindshare од САД.
Во оценувањето на пријавените дела, на неа ќе ѝ се придружат и следните членови на жирито:
- Желез Атанасов, директор за стратешко планирање, Noble Graphics, Бугарија
- Тереза Бачова, директор за нов бизнис и стратегии, Mediaplus Group, Чешка
- Башак Еркиран, генерален извршен директор, Havas Media, Турција
- Артак Харутјуњан, основач и генерален креативен директор, SMARTOLOGY, Ерменија
- Гржегож Кузник, директор за потрошувачки практики, заменик-управен директор, MSL Полска
- Александра Мартинакова, директор за стратегија, MADE BY VACULIK, Словачка
- Харис Мујановиќ, генерален извршен директор, Via Media, Босна и Херцеговина
- Тетијана Попова, управен партнер, Mex Arena, Украина.
„Како индустрија никогаш не сме имале поголемо игралиште за креативноста и можности за оригинално размислување. Побогатите збирки на податоци и сознанија се на дофат на раката, што ни овозможува да држиме чекор со културата и однесувањето на потрошувачите. Ширењето на технологијата и вештачката интелигенција отвораат нови можности. И светот стана најголемото платно исполнето со дигитални и физички искуства за поголема поврзаност. Моќта на креативноста е во тоа што оди понатаму од провокативноста за да стане вистински двигател на исходотите, што ќе влијае и на општеството и на бизнисот за подобро. Не би можела да ми биде поголема честа да го водам жирито за креативна медиумска извонредност на Golden Drum и возбудена сум ги видам најдобрите и најхрабри креативни остварувања во својата категорија од целиот свет“ – изјави Џенет Левин, глобална директорка за иновации во Mindshare од САД и претседателка на жирито за “Creative Media Excellence” на Golden Drum.
Овогодишното издание на фестивалот Golden Drum ќе се одржи на 9 и 10 октомври во Порторож, Словенија. Сите информации за настанот се достапни на следниот ЛИНК.