Вештачката интелигенција е во центарот на вниманието оваа година, а компаниите и брендовите веќе се впуштија во истражување на нејзиниот огромен потенцијал. Но, истовремено, тие се соочуваат и со важни прашања за добрите и лошите страни на вештачката интелигенција, размислувајќи за нејзините ефекти врз креативноста, диверзитетот, инклузивноста и сигурноста на работните места.
Со сето тоа на ум, меѓународниот фестивал на креативноста Golden Drum, во рамки на своето овогодишно издание, си постави за цел не да едуцира во однос на ова прашање, туку да дебатира. Во таа насока, на 10 октомври, на главната фестивалска сцена ќе се одржи панелот „The big AI debate: GOOD vs EVIL“ („Големата дебата за вештачката интелигенција: Добро или Зло“).
Придружете им се на Елав Хорвиц, директорка за иновации во McCann Worldgroup, и Емилијано Гонзалес Де Пиетри, генерален креативен директор во McCann Шпанија, во дискусија која треба да поттикне сериозно размислување додека тие навлегуваат во сферата на возбудата, претпазливоста и етиката во светот на вештачката интелигенција.
Дебатата ќе биде модерирана од страна на Каталин Добре, член на Golden Drum Hall of Fame, ко-извршен директор и генерален креативен директор на McCann Worldgroup за Романија и регионален креативен директор на McCann за Централна и Источна Европа.
Меѓународниот фестивал на креативнста Golden Drum ќе се одржи на 9 и 10 октомври во Порторож, Словенија. Вашето учество на фестивалот, а со тоа и во дебатата за вештачката интелигенција, можете да го регистрирате на следниот линк.