После една година пауза, поради глобалната пандемија, фестибалот Golden Drum се враќ посилен од било кога со рекорден раст од 25% во бројот на пријави за обновеното фестивалско натпреварување.
Овогодишното, 27. издание на Golden Drum ќе ги прослави најдобрите креативни дела продуцирани во последните две години.
Директорот на натпреварувањето, Миха Бевц, ја поздрави позитивната реакција на креативната индустрија и рече дека: „После една тивка година, Golden Drum е повторно тука – и „барабанува“ погласно од кога било. Натпреварувањето беше темело реосмислено и сега има не две, туку пет генерални категории: One-Channel Drum, Omni-Channel Drum, Craft Drum, Creative Business Excellence Drum, и дополнителна All Juries секција фокусирана на специјални тематски натпреварувачки групи. Среќни сме што можеме да кажеме дека пријавените се исто така погласни, бидејќи регистриравме околу 25% повеќе пријави отколку во 2019. Очигледно ние не сме единствените на кои им недостасуваше Golden Drum минатата годиа и љубезно ве покануваме да не го пропуштите оваа година.“
Фестивалот на ја подигна поддршката само од креативниот свет, туку исто така и од брендовите кои продолжуваат да инвестираат во креативното поле на бизнисот.
Нова натпреварувачка структура наиде на позитивна реакција и голема поддршка, така што бројот на пријавени кампањи ги надмина сите очекувања, укажувајќи дека фестивалот е порелевантен од кога било.
Шпела Левичник Облак, директорка на натпреварувањето, посочи дека: „Оваа година добивме пријави од 29 различни држави, со Русија, Романија, Словачка и Турција во преден план. Огромни 41% од пријавните дела доаѓаат од независни агенции. Ние сме сме особено задоволни со бројот и различноста на кампањите. Најголема категорија е Omni-Channel, по која следи One-Channel, додека новата категорија Creative Business Excellence има одличен старт со најмногу пријави во поткатегориите Activation, Creative Effectiveness и Content. Уникатната група Genius Loci/Локален дух на Golden Drum традиционално помина добро, исто како и групата за Social Good. Тука на пријавите ќе им се направи потесен избор од сите жири-комисии, а потоа жирирани за награди од четворицата претседатели на жири-комисиите. Ајде да ги прославиме најдобрите идеи, најдобрите индивидуи и најдобрите тимови! Golden Drum 2021 штотуку не започна!“
Ќе биде напорна недела за сите 63 членови на жирито – светски успешни професионалци од 28 држави, кои ќе ги жирираат најдобрите идеи кои влегоа во обновеното натпреварување на Golden Drum. Агенции од 29 различни држави ги пријавија своите креативни остварувања, така што одлуката кој ќе влезе во потесниот избор и кој ќе се качи на подиумот за најдобрите во регионот – е далеку од лесна.
На 13 октомври 2021 ќе бидат објавени финалистите, додека пак на 15 окромври во 19:00 часот ќе бидат објавени победниците, за време на онлајн наградна церемонија, со бесплатно учество, која е подджана од Mastercard.
Добијте ги вашите бесплатни дигитални пропусници за Golden Drum Live на официјалниот веб-сајт. Фестивалската програма пак може да се погледне тука.