Празниците се период кога домот станува вистински центар на случувањата. Во дневната соба се собираат семејството и пријателите, вечерите траат подолго, а содржините на екранот стануваат дел од заедничките моменти – од филмски маратони и спортски спектакли, до фотографии и видеа што нè враќаат во најубавите мигови од годината. Токму затоа, во празничната атмосфера големиот телевизиски екран добива нова улога: тој станува простор каде што се создаваат и споделуваат спомени.
Samsung се фокусира на телевизори со големи дијагонали, каде технолошката напредност директно придонесува за подлабоко и поинтензивно доживување. Екраните од 189 сантиметри (75 инчи) и повеќе не се само визуелен акцент во просторот, туку начин содржината да ве вовлече и да создаде вистинска кинематографска атмосфера, дури и во комфорот на домот.
Кога големината носи ново ниво на квалитет
Кај телевизорите со голем формат, секој детал станува повидлив, а разликите во технологијата доаѓаат до израз. Затоа Samsung кај своите најнапредни модели комбинира неколку клучни решенија.
OLED телевизорите се истакнуваат со длабоки црни тонови и врвен контраст, Neo QLED моделите со Mini LED осветлување овозможуваат висока осветленост и прецизна контрола на светлината, додека QLED телевизорите се базираат на технологијата на вистински квантни точки (Quantum Dot), која обезбедува исклучителна точност и долготрајна стабилност на боите.
Вистинските квантни точки претставуваат физички слој од наночестички што ја трансформира светлината во чисти и прецизни нијанси. Резултатот се живи, но природни бои кои остануваат конзистентни и на многу голем екран – без разлика дали се работи за вечерно гледање филм или динамичен спортски пренос во текот на денот.
Интелигентна слика за секоја содржина
Дополнително, напредната обработка на слика со вештачка интелигенција во реално време ја анализира содржината и автоматски ги оптимизира острината, контрастот и деталите. Кај големите дијагонали, ова значи помалку визуелен шум, поголема длабочина и поприроден приказ, дури и при репродукција на содржини со пониска резолуција.
Сите современи Samsung модели се поврзуваат преку апликацијата SmartThings, со што телевизорот станува централна контролна точка на паметниот дом. Управувањето со уреди, споделувањето содржини и поврзувањето на различни екрани се одвиваат едноставно и интуитивно, што дополнително ја збогатува празничната атмосфера.
Вистинскиот избор за оние што сакаат максимум
За љубителите на навистина големи екрани, Samsung нуди и дополнителни празнични поволности. При купување телевизор од 83 инчи или поголем од сериите OLED, Neo QLED, QLED или 98-инчен Crystal UHD, обезбедени се бесплатна достава и монтажа.
А за секој купен Samsung TV од 55 инчи или повеќе, добивате 3 години дополнителна заштита со регистрација.
Празниците се создадени за споделување на прекрасните моменти. Со големите Samsung телевизори, поддржани од вистинска Quantum Dot технологија, интелигентна обработка на слика и префинет звук, тие моменти не ги гледате само, туку и ги чувствувате. А најубавите приказни, како и секогаш, започнуваат токму во дневната соба.














