McCann Белград е прогласена за агенција на годината, додека проектот на McCann Скопје за компанијата Кока Кола освои Награда за храброст
Агенцијата McCann Белград е прогласена за Агенција на годината на ревијата BalCannes која се одржува во рамките на Викенд Медиа фестивалот во Ровињ. На регионалната ревија на најдобри кампањи, McCann Белград во финалето имаше три кампањи: “Бебето бира каде”,“Не се одрекувам” и “#StayClean” која е реализирана во соработка со агенцијата Drive. Покрај McCann Белград, кампањата која ја креираше агенцијата McCann Скопје “Coca-Cola Love is always the right way!” ја освои Наградата за храброст, која се доделува за прв пат, што придонесе за вкупниот успех на I&F Grupа во рамките на која работат двете агенции.
„Наградата за агенцијата на годината на Balcannes ни значи многу, бидејќи ја отворивме фестивалската сезона на најдобар можен начин. Работевме напорно и многу е важно што покрај добрите деловни резултати, нашите кампањи ги препознаа и индустријата и клиентите. Клучот за успехот е комбинација на довербата што ни ја даваат клиентите и посветеноста и енергијата на нашиот тим. Докажавме дека упорноста, креативноста и паметното планирање даваат резултати и донесуваат награди. Ова е почеток што нè инспирира и со нетрпение го очекуваме продолжението на фестивалската сезона“, изјави директорката на McCann Белград Јелена Јазиќ, по повод наградата за Агенција на годината.
Кампањата „ Coca-Cola Love is always the right way“ ја освои Наградата за храброст, која за прв пат ја додели жири комисијата оваа година. „Оваа кампања е приказна за храброст и за тоа колку е важна поддршката и како Кока Кола, заедно со агенцијата McCann Скопје, ја поддржаа првата македонска Парада на гордоста. Тоа е приказна е за храброста да бидеме она што сме и да застанеме зад она во што веруваме, за храброста на еден голем бренд смело да застане зад она во што верува, без оглед во околностите. Кога имате можност да се залагате за еднаквост, слобода и љубов, тоа го враќа достоинството и смислата во работата која сите ја работиме. Тогаш правите нешто важно. А важно е да застанеме едни до други, да им покажеме на луѓето околу нас дека ги разбираме и дека тие никогаш нема да бидат погрешни за нас, без оглед на тоа кого го сакаат“, рече Владимир Симиќ, креативен директор на агенцијата McCann Скопје.
Агенциите беа наградени од страна на стручно жири составено од претставници на огласувачи, агенции и новинари во конкуренција на дури 115 пријавени кампањи. Организатори на ревијата BalCannes се HURA (хрватско здружение на компании за деловно комуницирање) и Викенд Медиа Фестивал.
Наградените кампањи можете да ги погледнете подолу:
https://www.youtube.com/watch?v=jOpyjMqyzDI&feature=youtu.be
Exit StayClean