Гејмерските ентузијасти од Романија, Буарија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија и Србија се натпреваруваа за да создадат „Stealth game“ за само 24 часа.
Нордеус“, компанијата која стои зад играта „Top eleven – Be a football manager“, најпопуларната спортска онлајн-игра на светот, овој викенд го организираше 4-от по ред „Нордеус хакатон“. Гејмерските ентузијасти имаа можност да создадат видео игра во канцеларијата на Nordeus во Белград за само 24 часа.
11 тимови од Романија, Хрватска, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина и Македонија учествуваа на натпреварот за најдобра игра базирана на темата „Stealth – a game about hiding and deception“ (која беше откриена на денот на натпреварот) за само еден ден. Секој тим беше опремен со стандардни индустриски алатки и услови, како и неограничени храна и пијалок.
Атмосферата беше навистина одлична, а вработените на Nordeus им се придружија на тимовите, обезбедувајќи тие да имаат се` што им е потребно за целосно да се фокусираат на играта и на одлуките во врска со играта. Откако тимовите ги завршија нивните проекти, тие им ги презентираа на публиката. Потоа, официјалните судии на настанот ги утврдија победниците, додека фановите можеа да гласаат на Фејсбук за нивната омилена игра.
„The people’s choice award“ отиде во рацете на тимот Edge од Македонија за нивната игра „Hot Escape“ со навистина оригинална идеја. Тимот исто така ја зеде „Gameplay“ наградата, а освои и „Razor“ слушалки покрај „Sony PS Vita“.
Наградата „Multimedia presentation“ ја освои тимот Fus Ro Da од Србија и нивната игра „Drekavac“. Наградата „Technical complexity“ ја освои тимот Ocean’s Four од Хрватска со нивната игра „Dron“. Третото место и четири нови Nintendo 3DS XL конзоли доби S-team8 од Србија за нивната игра, “Cheesenogood”, второто место и четири Apple iPad Mini 3 доби тимот Beer Pong од Бугарија за нивната игра „Wanted“, а првото место со четири PlayStation 4 + The last of us отиде во рацете на тимот Prime Time од Босна и Херцеговина за нивната игра „In Vino Veritas“, во која играте како вампир кој има проблем со пиењето.
„Горди сме затоа што имаме уште една успешна година“, вели ПР менаџерот на Nordeus. „Со секое повторување нашиот бренд станува поголем, подобар и посилен“, додава тој.
За Nordeus
Nordeus е водечка и наградувана европска гејмерска и технолошка компанија како и издавач на Top Eleven, најпопуларната друштвена спортска видео игра во светот.
Целта на оваа компанија е да обезбеди лесно искуство со игри, без оглед на уредите кои ги користат. Токму ова е причината зошто тие создаваат и објавуваат бесплатни игри со висок квалитет кои комбинираат високо технолошки иновации со полирана и балансирана игра.
Компанијата има над 160 вработени во Даблин, Сан Франциско, Лондон, Белград и Скопје, а нивната примарна цел е да направат игри на следните генерации користејќи ја сопствената технологија која ќе ја редефинира индустријата.
Тука можете да ја погледнете галеријата од настанот.
Преземено од: Факултети.мк