Според анализата на адвертајзинг магазинот Campaign, „Големата Шестка“ на глобални маркетинг групации создале 32,000 нови работни места во 2021 година, доведувајќи го нивниот вкупен број на вработени на 408,000 луѓе ширум светот.
Ова претставува зголемување од 8.5% во бројот на вработени и означува забрзано опоравување од пандемијата, следејќи го падот од 6% т.е. 24,000 загубени работни места во 2020 година.
Агенциската групација WPP има најмногу вработени во светот – 109,382 луѓе, што претствува 9,552 повеќе вработени во споредба со 2020 година.
Следува француската Publicis Groupe со околу 87,000 врработени во светот, што претставува раст од 7,950 луѓе во однос на 2020 година.
Трета е американската групација Omnicom со 71,700 вработени, забележувајќи раст од 7,600 луѓе во споредба со 2020.
По неа следи јапонската групација Dentsu, која 2021 ја зарвршила со околу 65,000 вработени, додавајќи само 467 нови работни места во однос на 2020 година.
Петта по број на вработени е американската Interpublic Group, која додала 5,400 нови работни места во 2021, доведувајќи го вкупниот број на вработени до 55,600 луѓе ширум светот.
Шеста е француската групација Havas, која креирала 1,037 нови работни места во 2021 година, односно дошла до бројка од вкупно 19,839 вработени ширум светот.