Хрватскиот производител на кондиторски производи Kraš ја ангажираше агенцијата Bruketa&Žinić&Grey со цел модернизирање на пакувањето на Ki-Ki и визуелно раздвојување на овошните карамели, Punioze и Gumioze.
Приказната за бонбоните Ki-Ki започна во 1927 година со коцка овошна карамела со која пораснаа многу генерации. Денес, кога луѓето ќе помислат на бонбоните Ki-Ki, повеќето замислуваат овошни карамели, меѓутоа под брендот Ki-Ki постојат три вида слатки – овошни карамели (Ki-Ki), полнети овошни карамели (Ki-Ki Punioze) и гумени бонбони (Ki-Ki Gumioze).
Задачата на агенцијата Bruketa&Žinić&Grey беше да ја модернизира амбалажата во согласност со трендовите, да ја направи поатрактивна и визуелно да ги одвои трите споменати видови бонбони.
Анализа
Спроведените истражувања потсетија на иконичноста на карамелите Ki-Ki, бонбона создадена во 1927 година со која пораснаа многу генерации. Еден од трендовите кај потрошувачите е токму носталгијата, поради што 64% од родителите избираат содржини и производи кои ги потсетуваат на нивното детство. На децата, пак, им е важна забавата. Смешната, шарена и разиграна содржина е она на што посветуваат најмногу внимание. Затоа, не е изненадување што 83% од родителите бараат забавна содржина која ќе донесе насмевка на лицата на нивните деца.
Синтеза
Анализата покажа дека Ki-Ki не смее да ја изгуби својата иконичност, но и дека новите генерации имаат некои нови очекувања и нови барања.
Па затоа, беше неопходно да се направи јасна сегментација:
- Ki-Ki овошните карамели, каде примарна целна група се постарите лица. Тие се оние кои имаат емотивна, носталгична врска со Ki-Ki. За нив има статус на култен производ.
- Punioze и Gumioze, кои одговараат на желбите на помладите. Тие бараат забава и смеа и ликови со кои можат да се идентификуваат. За нив тоа повеќе не беше кловнот.
Имплементација
Ki-Ki овошни карамели
Бидејќи овошните карамели Ki-Ki имаат статус на култен производ, не им е потребен целосен логотип за да бидат препознатливи. Затоа беа исфрлени сите непотребни елементи, а новиот дизајн се базира на иконичното лого составено од два слога. На големите производи им требаат големи логоа, а во овој случај на сите им е јасно за што се работи уште од првиот слог. Покрај тоа, наредени на полицата, еден до друг, формираат бескрајна Ki-Ki низа.
Ki-Ki Punioze и Gumioze
Редизајнот на Punioze и Gumioza се оддалечи од ликот на кловн и воведе нови Ki-Ki чудовишта инспирирани од гримасите што ги прават децата при дегустацијата на овие слатки, кои зависат од нивниот вкус.
Со оглед на тоа што и Punioze и Gumioze доаѓаат во различни комбинации на вкусови, новото пакување има поголема проѕирност, што овозможува полесно препознавање на вкусовите во пакувањето.
Задржан е препознатливиот изглед на пакувањето Ki-Ki со светли бои на неутрална позадина, а дизајнот на Punioze и Gumioze е воедначен со изборот на иста типографија што создава мек визуелен впечаток, исто како меките Ki-Ki бонбони, за да се задржи врската низ целата линија на Ki-Ki производи.