Чоколадниот бренд Snickers го продолжува својот серијал на хумористични реклами со мотивот „Ти не си ти кога си гладен“, но овој пат во една малку поинаква форма – „Ти си нефилтриран кога си гладен“.
Идејата е дека луѓето често знаат погрешно да сфатат некои работи и „без филтер“ да кажат нешто без добро да го размислат, особено кога имаат празен стомак и ниски нивоа на шеќер во мозокот.
Во конкретната реклама, гледаме два машко-женски парови кои играат некоја друштвена игра. Во еден момент, едната жена ѝ предлага на другата да се „заменат“.
Втората жена ова го сфаќа премногу сериозно, проектирајќи го врз нивните љубовни врски. Потоа следува нелагодна атмосфера на хумористична тензија, пред првата жена да се дообјасни дека всушност мислела на тимовите во играта.
Рекламата е создадена со помош на креативната агенција BBDO New York.