Google Ads го интегрираше својот напреден разговорен модел со вештачка интелигенција, познат како Gemini, за да им помогне на огласувачите да создаваат подобри кампањи за Search.
Преку работен тек во форма на разговор, кој сега е целосно достапен за огласувачите на англиски јазик во САД и Обединетото Кралство, Google има за цел да ги оптимизира огласувачките содржини, вклучувајќи креативи и клучни зборови.
Според Google, ваквото „разговорно искуство“ ќе им помага на огласувачите да креираат поквалитетни кампањи за Search со помалку напор, а податоците на Google од спроведените тестови покажуваат зголемување од 42% на „добра“ или „одлична“ огласувачка содржина за малите бизниси кои ја користат функцијата.
Во следните месеци, ова „искуство“ ќе предлага и слики прилагодени на соодветните кампањи со помош на генеративна вештачка интелигенција и слики од „landing“ страници. Сите слики генерирани од вештачката интелигенција ќе бидат означени со идентификационен печат и ќе вклучуваат метаподатоци кои укажуваат на фактот дека се работи за содржина генерирана од вештачка интелигенција.
Функцијата ќе се прошири на глобално ниво за сите огласувачи кои го разбираат англискиот јазик во следните неколку недели, а поддршката на други јазици ќе биле имплементирана во иднина. Новата функција овозможена од Gemini е првото од многуте интеграции на вештачка интелигенција планирани од Google Ads во текот на годината.