Денот на трудот, денот кога се слават достигнувањата на работничката класа, го одбележа и Гугл со поставување алатки на своето лого.
Google Doodle, како што се нарекува логото на почетната страница на прелистувачот, вчера беше украсено со бројни детали со цртежите, од книги, чизми, градежни алатки па се до очила, ракавици, заштитни шлемови и медицински слушалки.
Вчерашниот ден се обележува во чест и сеќавање на историската борба на работниците од целиот свет за зачувување и унапредување на нивните права.