Бостонската консултантска група (BCG) објави листа на најиновативните компании во 2018 година, која беше составена врз основа на интервјуа на 2.500 раководители на компании. Не е изненадувачки што има големо присуство на технолошки компании на самиот врв, кои држат девет од првите десет места.
Интересно е тоа што за првпат по 13 години, откако се спроведува ова истражување, дојде до промена на самиот врв на листата. Имено, Google скокна на првото место, а Amazon на второто, со што Apple, кој беше на врвот на 2005 година, за прв пат се симна за две места. Еве ги првите десет:
- Alphabet/Google
- Amazon
- Apple
- Microsoft
- Samsung
- Netflix
- IBM
- Tesla
- Adidas
Што ги прави овие компании иновативни? Главните теми на овогодинешниот извештај на BCG се употребата на вештачката интелигенција (AI) – што значи автоматизација и напредна аналитика – и платформа и екосистем. Мајкл Рингел, еден од партнерите на BCG кој работеше на овој извештај, рече: “Да ја користите вештачката интелигенција сега и да добиете вистинска вредност од неа, треба да бидете компанија која има напредно размислување, тоа е инвестиција во оваа област, волја да го пореметите вашиот сопствен модел … Мора да постои неопходно плодно тло за вистинско однесување кое ќе ви овозможи да инвестирате во вештачката интелигенција”. Но, користењето на вештачката интелигенција, исто така, може да создаде нови бизнис можности, кои не се нужно предвидени на почетокот, додава тој, наведувајќи ја новата воведена опција на Gmail која ги комплетира речениците на корисниците.
Компаниите на листата, се разбира, се доста големи. Ова го покренува прашањето, дали големината е предуслов за иновација? Рингел истакна дека, на ниво на компанија, академската литература покажува дека иновацијата е универзална, со други зборови, и стартапите и големите компании доаѓаат со добри идеи. Сепак, “мора да бидете во можност да пристапите до збир на податоци, збир на платформи, за да бидете способни да управувате со вредности.” Дури и за компании кои веќе се во добра позиција, добрите екосистеми се повеќе од потребни за да се обезбеди скала на податоците кои се потребни.
Иако технолошките компании имаат девет од првите десет места, традиционалните индустрии сочинуваат повеќе од половина од компаниите во топ 50 листата. Од традиционалните компании најиновативна е Адидас, која за само за една година напредуваше за 25 места и сега е на десеттото место, што стана и најиновативна компанија во Европа. Целиот извештај можете да го видите на овој линк.