Во текот на викендот, неколку технолошките компании, вклучувајќи ги Google и Meta, објавија дека ќе ја сопрат монетизацијата која руските медиумски канали ја остваруваат на нивните платформи, поради војната во Украина.
Од Google, во чија сопственост се наоѓа YouTube, се повикале на „вонредни околности“, посочувајќи дека ќе ја „паузираат можност за монетизација на одредени канали“ на плаформата за споделување видеа. Меѓу нив се наоѓа и познатата руска телевизија во државна сопственост Russia Today.
„Паузирањето“ на монетизацијата, YouTube т.е. Google ќе го прошират врз различните руски канали поврзани со санкции од глобални власти како што е Европската Унија.
Дополнително, Meta во чија сопственост се Facebook и Instagram, соопшти дека ќе им „забрани на руските државни медиуми да реализираат реклами и да монетизираат на платформата, каде било во светот“.
Исто така, социјалните мрежи ќе додаваат „ознаки“ на објави од руски државни медиуми, со цел корисниците да знаат „од каде доаѓа информацијата“.
Претходно, социјалните мрежи Facebook и Twitter, а сега и Instagram, воведоа алатки и насоки за заштита на корисниците во Украина.