Рекламите на Google се уште доминираат во пребарувањето на производи и покрај рекордната глоба во износ од 2,42 милијарди евра со која ЕУ сакаше да го натера гигантот да отвори повеќе простор за конкуренцијата
Рекламите на Google во пребарувањата “за купување” и понатаму доминираат речиси над сите други останати конкуренти, со учество од 99,6% во Велика Британија, и покрај санкциите со кои ЕУ сакаше да го принуди технолошкиот гигант да направи простор за конкуренцијата, пишува The Times.
Промените кои беа воведени минатата година имаа за цел намалување на речиси монополската положба на Google, така што на сите огласувачи би им се дала еднаква шанса. Меѓутоа, овие мерки засега имале незначително влијание на сопствена платформа на Google за купување, која и понатаму е главно населена со сопствени реклами на оваа компанија.
Анализата што компанијата Searchmetrics ја промовираше пет месеци откако Google беше принуден да отвори врата на конкурентите, покажа дека Google и понатаму доминира со повеќе од 99% удел во рекламите што се појавуваат покрај резултатите од пребарувањето. И сето тоа и покрај рекордната казна од 2,42 милијарди евра и налогот на компанија да им овозможи на конкурентите, како што се веб-страниците за споредба на цени, да ги презентираат своите производи во рок од 90 дена.
Во прашање е неспоредливата способност на Google за надминување на конкурентите во понудите за таканаречените „carousel“ реклами, и покрај тоа што Google им овозможи на конкурентите да испраќаат понуди под исти услови за овие слотови. Во Велика Британија, на пример, 6,1% од carousel низата е пополнета со барем еден реклама на конкурентни куќи, но честопати тие истите реклами се затрупани помеѓу 28 реклами на Google.