Секоја година Google издвојува сé поголем процент од својот буџет да му плати на Apple за да остане дифолтен пребарувач на нивните уреди кои користат iOS и macOS.
Во 2017 година, тој процент изнесувал „само“ 3 милијарди долари, а сега, четири години подоцна, износот достигна 15 милијарди долари. Според одредени проценки, следната година таа бројка може да достигне и 20 милијарди долари.
Со тоа се наметнува прашањето до кога и колку е Google спремен да плаќа за да го задржи својот статус кај уредите на Apple.
Од друга страна, иако е сигурно дека овие пари им доаѓаат доста добро на Apple, сепак и тие размислуваат „што ако?“ – доколку Google се премисли, или пак поради одредени регулаторни ризици мора да ја прекинат соработката.
Според Џејн Хорват, постар директор за глобална приватност во Apple, соработката засега останува поради тоа што Google е најпопуларниот пребарувач во светот, меѓутоа компанијата сепак има вградена системска поддршка во своите уреди и за алтернативни пребарувачи како DuckDuckGo и Ecoasia.