САД очекуваат избори за Конгресот на есен, што е можност и Google да му се придружи на Фејсбук во напорите да се спречи ширењето на лажни вести.
Во таа прилика, компанијата од Mountain View одлучи во одредена мера да ги измени своите правила, односно политиката поврзана со прашања на транспарентноста.
Постариот потпретседател на Google, Кент Вокер, истакнува дека одсега секој што сака да пристапи до изборното рекламирање во САД ќе треба да го докаже својот идентитет и да даде некои дополнителни информации. Идентитетот ќе мора да докаже со официјални документи издадени од страна на американските власти. Исто така, Google редовно ќе објавува извештаи за транспарентност во кои ќе биде наведено кој политички се рекламира и колку потрошил за таа намена, а исто така ќе има и база на огласувачи кои корисниците на Google ќе можат да ги пребаруваат.