Интернет пребарувачот Google се подготвува да започне кампања за борба против дезинформациите во пет земји од Европската унија пред одржувањето на европските избори и воведувањето нови построги правила за борба против онлајн содржините.
Во јуни, граѓаните на ЕУ ќе изберат нов Европски парламент, кој ќе ги усвојува политиките и законите на континенталната заедница, а пратениците стравуваат дека ширењето на дезинформации на интернет може да влијае врз гласачите.
Внатрешниот оддел на Google за справување со заканите кон општеството, наречен Jigsaw, ќе прикажува серија анимирани реклами на платформи како TikTok и YouTube во пет земји од ЕУ, и тоа Белгија, Франција, Германија, Италија и Полска.
Рекламите ќе користат таканаречени техники за „prebunking“, односно превентивно разоткривање, а ќе имаат за цел да им помогнат на гледачите да препознаат манипулативна содржина пред да се сретнат со неа.
Спотовите ќе бидат развиени во партнерство со истражувачи и експерти од универзитетите во Кембриџ и Бристол.