Гугл мапс наполни 15 години и доби ново лого како подарок, во пакет со неколку нови функции.
Најголемата промена, сепак, дојде во форма на редизајнирано лого, која претходно беше во форма на мапа, за сега да дојде во форма на маркер на бела позадина. Апликацијата исто така доби два нови табови – “contribute” и “updates, а табот “for you” беше заменет со попрецизен “saved” таб.
Промените се мотивирани од новите функции што пристигнаа на Google Maps во последно време, како што е поголем фокус на индивидуалното искуство и можноста за поврзување со други корисници.
Гугл најави уште неколку нови опции кои се очекуваат во март, а кои се поврзани со подетални информации за јавниот превоз. Поточно, корисниците претходно имаа можност да добијат само информации за тоа дали се очекува гужва на некоја автобуска или железничка линија, а од март оваа информација ќе биде подетална, така што патниците ќе можат да добијат информации и за температурата во возилото, дали има посебен влез за оние со инвалидски колички и за безбедноста.