Брендингот на Google доби преуредување.
Гугл – технолошки лидер во изминативе 17 години, вчера го претстави своето ново лого со двеминутно видео прикажувајќи го развојот на начините како корисниците ги употребуваат многуте дигитални услуги на Google, од пребарување до навигација.
“Зошто го правиме ова? Во едно минато време, Google беше дестинација која ја посетувавте од еден уред: десктоп компјутер.”, напишаа Тамар Јехошуа, Потпредсетадел на Product Management, и Боби Нат, директор на User Experience, на блогот на компанијата. “Овие денови, луѓето користат продукти на Google преку голем број различни платформи, апликации и уреди – понекогаш сите во еден ден.”
Еве го новото лого:
Но, новото лого не е целата приказна.
Google го созададе овој изглед како начин да го претстави својот нов идентитет, преку кој ги покажува големиот број на начини на кои Google работи за своите корисници, вклучувајќи го вашиот “мобилен телефон, телевизор, часовник, контролната табла во вашиот автомобил, дури и вашиот десктоп компјутер.”
Со создавањето на колекција од визулени елементи околу логото, Google може да го пренесе тој изглед на секоја апликација или алатка. На пример, ‘шарено обоен Google микрофон ќе ви помогне во идентификацијата и интеракцијата со Google без разлика дали зборувате, притискате или пишувате.’
“Како што ќе видите, го зедовме логото и брендингот на Google, кои оригинално беа направени за една единствена десктоп browser-page, и ги надградивме за свет на непречено компјутерско работење на бескраен број на уреди и различни видови на внесување (како притискање, пишување и зборување),” напишаа од брендот.
Google го создаде овој GIF за да го означи континуитетот на логото и неговите придружни елементи:
Малото “g” иконче, кое можеше да се види на платформи како Gmail, ќе биде заменето со шарено-обоено “G”, кое одговара на дизајнот на новото лого.
Надградбата наскоро ќе го пронајде патот до сите опции на Google, како Search, Maps, Gmail, Chrome и други.
“Мислиме дека го зедовме најдоброто од Google (едноставно, ненатрупано, шарено, пријателско) и го преработивме не само за денешниот Google, туку и за Google во иднината”, напиша лидерскиот тим на брендот.
Погледнете го видеото кое ја објаснува трансформацијата: