Повеќе од десет години Google спроведува истражување наречено Project Oxygen со за да открие кои особини ги поседува совршениот менаџер, со цел оваа компанија да може да ги обучува своите менаџери да развиваат такво однесување. Истражувањето се исплатеше, бидејќи со текот на годините Google забележа значителен напредок во флуктуацијата на вработените, нивното задоволство и уделот на работното место.
Интересно, техничките вештини биле помалку важни отколку што може да се претпостави. Она што е многу поважно за менаџерите, се емоционално-интелигентните вештини, способноста за разбирање и контролирање на емоциите, како на сопствените,а така и на вработените.
Според Гугл, добрите менаџери:
- Се добри тренери
Кога ќе се појави проблем, добрите менаџери ги водат своите тимови, ги насочуваат и им споделуваат информации кога е тоа потребно.
- Го зајакнуваат својот тим и не менаџираат на микро ниво (не се контрол фрик)
Големите менаџери им ја даваат на своите вработени слободата што ја сакаат: слобода да ги истражуваат своите идеи, да преземаат (паметни) ризици и да направат грешки. Тие, исто така, им обезбедуваат на вработените сè што треба за да работат удобно, флексибилно работно време и опуштено работно опкружување.
- Создаваат инклузивно тимско опкружување, покажувајќи грижа за успех и благосостојба
Во еден друг истражувачки проект, Гугл открил дека најважниот клуч за добрата тимска работа е да се создаде “психолошки сигурна” средина.
Според компанијата, во тим со висока психолошка сигурност, членовите на тимот не се плашат да преземат одговорност, бидејќи се сигурни дека никој во тимот нема да ги посрамоти или казни, затоа што ја признале грешката, поставиле прашање или понудиле нова идеја. Со други зборови, големите тимови се изградени на доверба – и големите менаџери помагаат да се изгради оваа доверба.
- Се продуктивни и ориентирани на резултати
Најдобрите менаџери се повеќе од “ѕвезди“ во тимот, ги прават своите “соиграчи“ подобри и тоа на начин што се вистински пример и работат буквално се` кога е потребно. Не се плашат да ги засукаат ракавите и да помогнат, мотивирајќи го својот тим.
- Добри се во комуникација –слушаат и споделуваат информации
Најдобрите менаџери се одлични слушатели. Ова им помага подобро да ги разберат своите тимови и да покажат емпатија. Покрај тоа, добрите менаџери се свесни дека знаењето е моќ. Оттаму, тие се транспарентни и спремни да разменуваат информации со нивните тимови.
- Поддржуваат развој во кариерата
Добрите менаџери ги поттикнуваат своите вработени со споделување на искрени и специфични пофалби, но не се плашат да поделат и критика која ја форулираат на тактичен и конструктивен начин. Тие, исто така, инвестираат во своите луѓе, помагајќи им да ги остварат своите лични цели во кариерата.
- Имаат јасна визија (стратегија) за својот тим
Менаџерите треба точно да знаат каде е нивниот тим сега, каде се движи и што треба да направи за да стигне таму. Преку добра комуникација, тие му помагаат на тимот да биде на вистинскиот пат. Тие, исто така, осигуруваат дека секој член на тимот ја разбира својата индивидуална улога во извршувањето на оваа стратегија.
- Поседуваат клучни технички вештини кои му помагаат во советување на тимот
Големите менаџери ја разбираат работата на вработените, вклучувајќи ги и нивните секојдневни задачи и предизвици. Ако менаџерот се пресели во нов оддел, ќе му треба малку време за да дознае како работите функционираат, за да се изгради доверба, пред да се направат драстични промени или да понудат совети.
- Ефикасно соработуваат
Големите менаџери секогаш гледаат поширока слика и работат во корист на компанијата како целина и ги поттикнуваат своите тимови да го сторат истото. Тие не работат против и не ги саботираат другите тимови во рамките на истата компанија.
- Цврсто донесуваат одлуки
Не се импулсивни, но се одлучни. По запознавањето со фактите и размислувањето за перспективите на нивните тимови, тие ги придвижуваат работите напред, дури и ако тоа бара донесување на одлуки кои не се одобрени од сите.
Ако вашата компанија може да обучи и промовира менаџери кои ги прават овие 10 работи, ќе изградите доверба и ќе ги инспирирате вашите вработени да станат најдобри верзии на самите себе.