Google отстрани две апликации за Андроид од својата продавница на Google Play затоа што тие правеле пари за своите креатори така што во позадина пуштале pop-up реклами.
Иако ова може за некој да изгледа бесопасно, апликациите со објавување реклами без знаење на сопственикот на телефонот одземале вредни ресурси на смартфоните.
Се работи за апликациите Sun Pro Beauty Camera (која е превземана повеќе од милион пати) и Funny Sweet Beauty Selfie Camera (која е превземена повеќе од половина милион пати).
Како што е случај со малициозни апликации, кога ќе ги инсталирате, нивната икона исчезнува од вашиот телефон и се појавува кратенка. Дури и кога ќе ја избришете оваа кратенка, апликацијата продолжува да работи со реклами во позадина, дури и кога не е отворена.