Се чини дека Google го прошири своето подрачје на интерес и тоа ни помалку ни повеќе, туку на високата култура. Оваа компанија, всушност, започна со работа на база на податоци која се нарекува Сultural Institute. Целта на овај институт е да ги собере реномираните светски оркестри, театарски и оперски куќи, за да им овозможи на своите корисници пристап до нивните архитектури и дел од она со што тие се занимаваат.
Досега во овај проект се влучени околу шеесет институции од 20 различни земји.Во оваа база на податоци можат да се погледат содржини на пример од Париската национална опера, Кралската Шекспирова компанија, Карнеги хол или Мета.
Членовите на реномираните ансамбли во тој проект гледаат можност да пронајдат пат до нова публика, бидејќи се свесни за фактот дека класичната уметност е една од многуте делови на културата. “Високата култура сепак не е фудбалски натпревар“, има прокоментирано еден член од Берлинската филхармонија. Затоа ваквите платформи се нужни, со цел да се пронајде нова публика, заклучи тој.
Самоодржлив проект кој на вклучените им гарантира повеќе посетители
Секако дека платформите од ваков вид не се замена за искуството од концерт или претстава во живо, но ова од неколку причини може да биде интересна алтернатива за конзумација на содржината од ваков вид. Најпрво, тука е увидот во разновидноста на изведбените уметности, бидејќи во овај проект не се вклучени само театрите и оперите, туку и изведувачите.
Од Google засега не коментираат за трошоците за водење на овај проект, но истакнаа дека се работи за непрофитна организација која своето работење го покрива со сопствени средства. Истакнаа дека целта на Cultural Institute е образување и овозможување пристап до културата.
Секако дека вклученоста во овај проект помага и во брендирањето и поголемата свест за активните чинители во тој сегмент. Познато е дека Google веќе некое време соработува со некои музеи и покажува делови од нивните поважни изложби, што конечно резултирало со зголемување на бројот на посетителите во самите музеи. Се надеваме дека на листата на партнери на Cultural Institute наскоро ќе пронајдеме и некоја домашна институција.