Технолошкиот гигант Google овозможи јавен пристап до Imagen 3, најновата верзија на платформата за генерирање слики врз основа на текстуален опис со помош на вештачка интелигенција.
Платформата Imagen 3 на Google беше најавена уште во месец мај како конкурент на други популарни модели кои се веќе достапни на пазарот, пред сè DALL-E 3 на Open AI, Stable Diffusion на Stability AI, Grok-2 на xAI, како и независната платформа Midjourney.
Секоја од илустрациите генерирани од Imagen 3 доаѓа со уникатна дигитална ознака за идентификација SynthID, со цел тие да бидат транспарентно означени дека се софтверски генерирани и дека поминале процес на филтрирање и етикетирање за да се намали продукцијата на штетни содржина и веројатноста за генерирање производи кои може да нанесуваат штета. Меѓутоа, некои корисници се жалат дека условите се премногу рестриктивни.
Според Google, генераторот Imagen 3 ќе биде достапен во различни верзии во зависност од тоа за што се користи – од брзи скици до сложени и фотореалистични слики со висока резолуција.