Навикнати сме да слушаме дека жените се помалку платени од мажите за истата работа. Затоа веста која стигна од Google е повеќе од интересна, бидејќи по сопствено истражување откриле дека мажите, софтверски инженери на 4-то ниво, имаат просечно помала плата од жените на истата позиција. Со цел да се надмине оваа разлика, Google ќе одвои 9,7 милиони долари за да ги изедначи платите на 10,677 вработени.
Google не открива колку мажи биле меѓу гореспоменатиот број на вработени, но наведе дека тоа е причината зошто компанијата за изедначување ќе издвои значително повеќе пари за 2018 година во споредба со 2017 година. Тогаш, компанијата одвоила само 270.000 долари за 288 вработени, кои работеле во шест различни групи на работни места.
Компанијата истакна дека причината за ваквото зголемување на износот за изедначување на заработувачката е тоа што користеле различни анализи. Иако оваа нова анализа е многу подетална и сеопфатна од претходната, главниот аналитичар за плати на Google, Лорен Барбато истакна дека се уште има процеси кои не се опфатени, но дека тие се обидуваат максимално коректно да ја завршат работата за ниту еден вработен да не биде оштетен. Ова е интересна одлука на еден гигант на светската економија да се избори со нееднаквоста и неговите напори ги поздравуваме.