Google со промена на правилата кои се однесуваат на Google Maps конечно започна пресметка со незадоволните поранешни вработени, кои често пишуваат лажни негативни рецензии за своите некогашни работодавци
Како што се чини, Google започна процес на спречување на поранешните вработени во обидите за евентуално оцрнување на некогашните работодавци со пишување на често лажни негативни рецензии и намерно давање на негативни оценки заради одмазда.
Тоа е видливо и во најновите промени на правилата поврзани за поставување содржина која се смета како придонес за самите корисници, во врска со познатиот картографски сервис на Гугл, Google Maps. Според најновите правила, секое поставување на содржина која сака да нагласи негативно искуство на сегашното и поранешното работно место, ќе се смета како судир на интереси и поставувањето на таквата содржина автоматски ќе биде блокирано.
Новото правило на сервисот Google Maps, ќе го замени претходното, кога таквите рецензии од лути поранешни вработени беа отстранувани откако оштетената страна испраќаше посебно барање до Гугл за отстранување на таквите спорни содржини.