Технолошкиот гигнат Google одлучил да се спогоди во групна тужба против компанијата, поради наводно следење на корисниците во „инкогнито“ режимот на прелистувачот Chrome. Спорот инициран во 2020 година го обвинува технолошкиот гигант за следење и собирање на кориснички податоци дури и кога корисниците одлучиле да сурфаат на интернет во перцепирана тајност.
Неколку тужители тврдат дека и покрај тоа што се одлучиле за опцијата за приватно прелистување, нивните податоци сè уште биле собирани преку алатките на Google како што се Analytics и Ad Manager. Тие сметаат дека ова тековно собирање податоци ги нарушува законите за приватност и прислушување, бидејќи корисниците не биле целосно свесни или не се согласиле со таквото следење.
Правната постапка добила важен пресврт кога судијката Ивон Гонзалес Роџерс го отфрлила предлогот на Google за скратено судење во август, нагласувајќи дека технолошкиот гигант не ги информирал доволно корисниците за продолжувањето на собирањето податоци во режимот „инкогнито“.
Google претходно барал и целосно отфрлање на тужбата, тврдејќи дека на корисниците им дава доволно транспарентност со пораката што се прикажува кога корисниците ќе го активираат режимот „инкогнито“.
Спогодбата треба да оди на конечно одобрување од федерален судија до 24 февруари 2024 година. Иако условите за спогодбата, вклучително и каква било финансиска компензација, не се познати, оригиналната тужба барала отштета од 5.000 американски долари по корисник за наводно прекршување на федералните американски и сојузните калифорниски закони за приватност.
Овој случај уште еднаш ја нагласува сложеноста на правата и обрските поврзани со дигиталната приватност и ја нагласува важноста за јасна комуникација од страна на технолошките компании во врска со практиките за собирање податоци на корисниците.