Низ текот на годините, некако навикнавме Google да биде најпосетуваниот веб-домејн во светот, па повеќе се зборуваше за тоа кој доаѓа после него. Всушност, со оглед на популарноста на пребарувачот, мапите, електронската пошта, прведувачот и клаудот на Google, таквите очекувања беа разбирливи.
Но, еве сме во 2021 година – година во пандемија, година на новото нормално. Па, кога се менува сé, се промени и првото место на најпосетуван веб-домејн во светот.
Според податоците на компанијата за онлајн безбедност Cloudfare, на тронот оваа година се искачи TikTok.
Минатата 2020 година, TikTok се наоѓаше на 7-то место, но благодарение на забрзаниот раст во изминатите месеци, платформата за кратки видеа успеа да го „турне“ Google од првото место. Всушност, во септември годинава, TikTok постигна бројка од дури 1 милијарда активни месечни корисници.
Google се најде на второто место, а по него следува Facebook. Четвртата и петтата позиција им припаднаа на Microsoft и Apple, соодветно.
Листата на топ 10 најпосетувани веб-домејни, редоследно, ја комплетираат: Amazon, Netflix, YouTube, Twitter и WhatsApp.