Пред дваесет години, двајцата студенти Лери Пејџ и Сергеј Брин лансираа нов пребарувач со идеја да го организираат интернетот, да го приближат до сите и по можност да се збогатат. Така се роди Google, кој денес слави 20 години како апсолутен господар на интернет пребарувањето.
Пребарувањето на Гугл стана достапено на 4 септември 1998 година, но компанијата секогаш го прославува роденденот на 27 септември. Почитувајќи ја оваа традиција, денес најголемиот пребарувач на светот прославува 20 години. По тој повод се претставени повеќе интересни креации. Покрај видеото кое го прикажува развојот на пребарувачот низ годините, тука е и временската капсула со Easter Egg термините за пребарување, како и street view оригиналната гаража каде што е основана компанијата.
Компанијата прилично напредуваше од своите почетоци, па така денес суверено владее со интернет пребарувањето, повеќето телефони на светот користат Андроид оперативен систем, а тука е и секогаш присутниот Gmail. Кој пред 20 години би рекол дека на интернет ќе “гугламе“, а не пребаруваме и дека нема масовно да го користиме Internet Explorer туку Google Chrome.
Некако незабележиво во текот на годините го усвоивме користењето на Google сервисот, така што повеќето луѓе на планетава ги користат услугите на оваа компанија.