Google ги прошири своите лингвистички способности со инкорпорирање на дополнителни 110 јазици во својата преведувачка услуга. Оваа значајна експанзија, најголема во историјата на Google, била овозможена од напредниот модел на вештачка интелигенција PaLM 2.
Новододадените јазици ги зборуваат над 614 милиони говорници ширум светот, со што Google Translate го проширува својот лингвистички досег до дополнителни 8% од светската популација.
Оваа активност е дел од амбициозната иницијатива на Google за достигнување до 1.000 јазици, претставена уште пред две години. Целта на оваа иницијатива е услугите на компанија да бидат достапни на 1.000 најговорени јазици во светот преку примена на вештачката интелигенција.
Во моментот, со вклучувањето на овие 110 јазици, преведувачкиот сервис на Google е достапен на 243 јазици.
Покрај деловниот аспект, иницијативата на Google има и хумана цел за зачувување на јазичната разновидност и промовирање на глобалното разбирање.