За да биде во тек со се поголемиот број на луѓе кои купуваат на своите смартфони, Google ја надгради својата понуда за продавачите на мало така што воведе реклами во Google Images, како и опции за прабарување на локални продавници.
Иако ова е прв пат како Google воведе реклами во пребарувањето на слики, технолошкиот гиганти веќе ги тестираше со неколку различни брендови изминативе месеци. Рекламите, кои ќе се појавуваат веднаш до слики од поврзани производи во Google Images, ќе им овозможуваат на заинтересираните корисници преку еден клик на сликата да одат на веб-сајтот на продавачот.
“Без разлика дали бараат нов кауч или совршен пар на обетки, луѓето кои пребаруваат и купуваат преку нивните смартфони барем еднаш неделно, велат дека сликите се главното нешто што го гледаат при купувањето,” изјави Џонатан Алфернес, Потпретседател на Product Management во Google Shopping. “Како што се покажа, најчестите прашања кои си ги поставуваат корисниците на Google Images се ‘Колку чини ова?’ и ‘Каде можам да го купам?’”
Според Google, пребарувањето на производи преку мобилни уреди пораснало за 30% во изминатата година, додека пак една третина од онлајн купувањата во САД се случуваат преку мобилни уреди.
Google исто така ги надогради начините преку кои купувачите ќе можт да дознаат кои производи се на залиха во нивните локални продавници. За да профитираат на локалното пребарување, продавачите сега ќе можат да им овозможат на корисниците да одберат опција за плаќање онлајн и подигнување на производот во локалната продавници преку поставувањето на линкови кои ќе водат до нивните страни. Според Google, вкупните пребарувања кои вклучуваат име на продавница, поштенски број или фраза како ‘near me’ (‘блиску до мене’) се зголемиле двојно во изминатата година.
Еден од првите продавачи кој почна да ја користи оваа опција за локално купување е Kohl’s, кој ја искористи за да предизвика пораст од 40 до 50 проценти повеќе кликови на Google кои водат до нивниот веб сајт. Google исто така ќе им овозможи на продавачите преку локални реклами да го постават својот инвентар на производи да се појавува при Google Search.