Најкористениот интернет пребарувач во светот Google воведува бесконечно скролање во прикажувањето на прабаруваните резултати.
Тоа значи дека по достигнувањето на дното на страницата со резултати, корисниците нема да мора да го притискаат копчето “See More” („Види повеќе“) за да се вчитаат резултатите од секоја следна страница, туку тоа ќе се прави автоматски.
Промената ќе се имплементира за мобилната верзија на пребарувачот.
Според компанијата, најголем број корисници ги пребаруваат само првите четири страници со резултати, но со воведувањето на новото бесконечно скролање, се очекува бројот на просечно прегледани страници со резултати да се зголеми значително.
Исто така, овој новитет ќе овозможи поголем комфор за корисниците, нудејќи полесно и побрзо пребарување преку мобилни уреди, со помала интеракција на корисникот со интерфејсот.
Имплементацијата почнува од САД и ќе се одвива во неколку фази.