Еден од главните извори на средства на најголемиот ИТ гигант – Google доаѓа од нивната мрежа за рекламирање наречена AdWords. Огласувачите преку оваа мрежа можат да ја постават својата реклама на огромен број на веб страни кои се дел од платформата. Едни од наголемите огласувачи досега беа и порно сајтовите, за кои се чини дека деновите на огласување преку Google се завршени.
Од Google оваа недела ги известија огласувачите дека веќе нема да дозволуваат реклами за веб страни со сексуална содржина, односно со други зборови кажано, на нивната мрежа веќе нема да можат да се рекламираат порнографските веб страни. Оваа одлука е интересна поради фактот што не е познато колкав процент од приходите може да се препише на овие огласувачи, а познато е дека бројот и популарноста на таквите веб страни е огромна во целиот свет.
Во изминатата четвртина Google имаат остварено 13,8 милијарди долари како приходи од реклами, што изнесува 90% од приходите на компанијата. Колкав дел од оваа сума припаѓа на рекламите за порнографските веб страни, од компанијата одбиваат да ја дадат таа информација.
Извор: Смарт Портал