Технолошкиот гигант Google соопшти дека наскоро ќе ги блокира рекламите кои таргетираат корисници под 18 години според нивната возраст, пол или интереси.
Компанијата посочи дека оваа година ќе се фокусира на подобрувањето на заштитата за ранливите групи, со надеж за градење на побезбедна и поприватна иднина каде корисниците имаат контрола врз своите информации.
„Веќе направивме прогрес во испорачувањето на побезбедно онлајн искуство за децата и тинејџерите, преку проширувањето на „штитовите“ за превенција на прикажувањето на возрасно-чувствителни реклами пред тинејџерите“ – објаснуваат од Google.
Google ќе соработува со иницијативата за интернет безбедност Privacy Sandbox за да го направи интернетот да биде „приватен по дифолт“, со цел да одговори на растечките грижи на корисниците за својата онлајн приватност и безбедност.
Исто така, огласувачите пеку Google нема да можат да таргетираат корисници според одредени чувствителни интересни групи, како здравствени состојби, идентитет и верувања, или сексуални интереси.
Дополнително, компанијата нагласува деа нема да користи содржини создадени или складирани на Drive, Gmail или Photos, за огласувачки цели.
Доколку корисниците сакаат да дознаат зошто им се прикажала некоја реклама, тоа веќе можат да го сторат преку кликањето на опцијата “About this Ad”.
Корисниците исто така ќе добијат можност самостојно да блокираат определена реклама или некој огласувач, со цел да не им се прикажуваат во иднина.
„Продолжуваме да работиме на воведување возбудливи нови начини како да ве ставиме во контрола на вашите искуства со нашите продукти“ – истакнува компанијата.