Хрватската креативна агенција Kofein продолжува да го збогатува својот кадар, знаење и вештини со ангажманот на Горан Божиќ како нов креативен директор. Ваквата одлука претставува продолжение на континуираниот деловен раст и развој на агенцијата Kofein, како и на посветеноста да се привлечат најдобрите професионалци на пазарот и да се постигне заокружена агенциска експертиза спремна за надминување на сите пазарни предизвици.
„Во Kofein го препознав најдобриот пример на прилагоденост кон современиот концепт на огласувањето: јасна визија, флексибилна и агилна структура, компактен тим од талентирани професионалци и страст кон новите, возбудливи трендови. Преминувањето во Kofein го гледам како логична надградба на моето долгогодишно искуство во голема мрежна агенција, што исто така совршено одговара на мојот интерес за креативните потенцијали на новите комуникациски канали. Од друга страна, верувам дека со своето знаење и поразлична позадина ќе придонесам за креативен и деловен раст на Kofein,“ истакнува Божиќ.
Долгогодишното искуство на Горан Божиќ вклучува повеќе од 15 години работа на позицијата креативен директор во меѓународната огласувачка агенција McCann, каде што бил одговорен за бројни кампањи за глобални и домашни клиенти во скоро сите категории на пазарот, за кои има добиено и бројни награди. Истовремено, тој е ангажиран и како професор на Високата школа Алгебра, каде предава предмети од областа на креативниот процес, уметничките насоки и управувањето со огласувачки проекти.