Словенечката компанија Горење и германски Volkswagen ги здружија силите на заеднички проект за да создадат т.н. “ретро фрижидер“, односно ладилник чиј дизајн е инспириран од легендарното комбе VW TI, претставено во 1950 година.
Новата серија фрижидери пресликува една од иконите на Volkswagen. Ова специјално издание на ретро фрижидери е достапно во три нијанси, винтиџ – нежно сина, зелена и бордо црвена – шампањско.
Фрижидерот ќе биде претставен на IFA саемот што ќе се одржи во Берлин во септември.