ТВ-правата и планираните пет сезони од серијата „Господар на прстените“ ќе го чинат Амазон повеќе од милијарда долари.
Како што наведува IndieWire, откако серијата беше најавена во 2017 година, новите информации пристигнуваа само повремено. Но, во претходните месеци, дваесет нови актери се приклучија на серијата, а краткото резиме на заплетот беше објавено на веб-страницата TheOneRing.
Приказната ќе се одвива во времето на ерата на Толкин од втората доба, илјадници години пред настаните во романот „Хобит“. Ерата на втората доба е најпозната по времето кога Саурон го создаде познатиот прстен, а самата ера траеше 3441 година.
Кога за прв пат беше најавена, се претпоставуваше дека серијата, како и филмската адаптација, ќе биде адаптација на трилогијата, но во март минатата година дојде потврдата дека дејството всушност ќе му претходи на приказната која е досега видена. Гласините што следеа за младиот Арагорн, како главен херој на новата серија, се распрснаа откако беше објавена мапа на официјалниот профил на Амазон за серијата „Господар на прстените“, која ја илустрираше територијата, многу пред времето на Арагорн.
Во битка со Нетфликс, Амазон победи со понуда од 250 милиони долари, со што правата на претстојната серија станаа најскапи во историјата на ТВ сериите. Откако ги зедоа предвид трошоците за продукција на сите наредни сезони, тој број се искачи на милијарда долари. За споредба, трилогијата Господар на прстените на Питер Џексон вложи „само“ 281 милиони долари, а заработи речиси 3 милијарди долари.
Купувањето на ТВ-правата вклучуваше обврска за адаптација на дури пет сезони, а со оглед на тоа што купените права овозможуваат и снимање спин-оф серии, тешко е да се претпостави точно на кој начин Амазон ќе ги искористи петте договорени сезони.
Она што е сигурно е дека – во договор со правното тело кое ги застапува правата на Толкин – Амазон има право само на ерата на Втората доба (Second Age). Ова значи дека не постои опасност од промена на настаните од ерата на Третата доба. Од друга страна, релативно помалку информации за втората доба, му даваат на Амазон голема слобода, но тие ќе мораат да внимаваат дека содржината не е во спротивност со описите и границите што Толкин ги постави во својот опус.
Како и повеќето ТВ серии, така и продукцијата на серијалот „Господар на прстените“ на Амазон беше запрена во март минатата година поради пандемијата на ковид-19. „Холивуд репортер“потврди дека продукцијата на серијата продолжува во декември. Осум епизоди од првата сезона се очекуваат оваа година на стриминг сервисот Prime Video на Амазон.