Буџетирањето и бројките, за повеќето луѓе, и не е баш најзабавната тема за разговор. Меѓутоа, официјалните лица на градот Арлингтон во Тексас се решија дека градскиот буџет е премногу сериозна тема за да биде скокната од јавноста. Но, предизвикот беше како да се изнајде забавен и креативен начин тој да биде претставен пред граѓаните. Одговорот: ЛЕГО!
Имено, директорот за комуникации и легислативни односи на градот, Џеј Ворен, објасни дека тој во својот дом имал цел град изграден од лего-коцки и играчки, личен проект на кој работел со години во своето слободно време. Така се родила идејата – што ако буџетот на Арлингтон се претстави преку овој лего-град?
Во соработка со локални аниматори, градските власти изработиле 4 и пол-минутен спот во кој буџетот на Арлингтон во вредност од 552 милиони долари го објаснуваат „жителите“ на лего-градот на Џеј.
Видеото стана толку популарно, што веќе собра скоро 700.000 прегледи на YouTube, што е повеќе од вкупното население од околу 400.000 луѓе на самиот Арлингтон. Притоа, реакциите се апсолутно позитивни. Погледнете!