Седмиот по ред интерконтинентален Адвертајзинг Куп (The CUP), кој беше оддржан од 13-ти до 17-ти Април, заврши синоќа со доделување на престижните The Cup награди.
Македонската NewMoment New Ideas Skopje, беше наградена во категоријата Best of Radio за кампањата “10-метри одвоени“, со која минатата година освоија повеќе значајни награди на дел од најпрестижните регионални и светски фестивали.
Жирито на фестивалот на чело со Michael Conrad, претседателот на Берлинската школа за креативно лидерство, додели вкупно 33 The Cup чаши, а најпрестижната награда (Grand CUP) замина во рацете на агенцијата Taproot India, за кампањата “Јас сум Мумбај“.
“The CUP“ беше создаден во 2007 година од организаторите на три големи регионални креативни фестивали : ADFEST (Asia-Pacific), FIAP (Ibero-American) и GOLDEN DRUM. После првата година, дел од “The CUP“ се и ADC*E, односно клубот на Уметнички директори на Европа.
Во продолжение погледнете ги листите на финалисти и победници (означени со W) во повеќе категории поделени во три области:
Best of Products and Services
Best of Media
Best of Admaking