Домашните потрошувачи одбираат брендови на кои им веруваат – тоа беше заклучокот од годишното истражување на агенцијата Инсајдер ИД, според кое Гранд кафе е најпознатиот бренд во категоријата Кафе во Македонија. Во истражувањето се наведува дека и покрај тоа што Гранд беше прворангиран во истата категорија и лани, сепак забележува зголемување на процентот на потрошувачи кои што го позиционираат како најпознат бренд, а со тоа и ја зголемуваат позитивната разлика во однос на конкуренцијата.
Се работи за локален производ кој веќе долги години успешно го гради својот бренд во Македонија и претставува прв избор на кафе на толку многу домаќинства во земјата. Константниот квалитет и препознатлив мирис на Гранд кафе добро го позиционираат на пазарот, а широката дистрибутивна мрежа и достапноста дополнително придонесуваат кон имиџот како водечки бренд во категоријата Кафе.
Истражувањето на Инсајдер ИД се спроведува секоја година со повеќе од 1.700 активни потрошувачи од целата територија на Македонија, а неговата намера е да ги открие најпознатите и најпрепознатливите брендови во 18 различни категории на производи. Резултатите добиени од истражувањето им дава увид на компаниите колку е баран нивниот производ на пазарот и како е рангиран во однос на соодветната конкуренција.
Во самото истражување, Инсајдер напоменува дека Гранд ја унапредил својата позиција во однос на конкуренција од 22% (2020) на 32% (2021), што придонесува за брендот значително да се одвои од најблиската конкуренција. Според Инсајдер, соодветната маркетинг стратегија на Гранд е причината за големото зголемување на препознатливоста на пазарот, односно за зголемување на позитивната разлика со конкуренцијата.
Гранд кафе има магична моќ да ги спојува луѓето – преку покана за разговор со кафе, преку опојниот мирис и вкусот кој дава до знаење дека е време за одмор… Бидејќи секоја нова шолја кафе претставува нов почеток и нова приказна која чека да биде испишана заедно со најдрагите луѓе. А сите овие фактори покажуваат зошто Гранд ја има довербата на потрошувачите, кои продолжуваат да го купуваат нивното омилено кафе дури и после сите овие години. За крај, Гранд кафе им се заблагодарува на сите потрошувачи кои му помогнаа да остане најпрепознатливиот бренд на традиционално кафе во Македонија, и се надева дека и во иднина ќе продолжи да ја испишува својата успешна приказна.