Хуманитарен пролетен вински салон
Пролетта пристигна, а со неа и Grand Vin Spring Edition – вински настан кој одржува континуитет секоја пролет, организиран од МАСОМ – Македонска асоцијација на сомелиери. Ве покануваме утре, 29 март (сабота), во Хотелот Мериот во Скопје, каде од 13:00 до 21:00 часот ќе ве пречека свет исполнет со врвни вина, извонредни вкусови и одлична атмосфера.
Повеќе од 40 вински производители ќе ги претстават своите најнови вина, берби и купажи за 2025 година. Ова е ретка можност да ги откриете најдобрите вина од македонските и светските вински региони, да се запознаете со нивните креатори и да уживате во секоја дегустација.
Настан со посебна мисија – средствата од влезниците ќе бидат донирани на семејствата погодени од трагедијата во Кочани. Со секој билет, не само што ќе уживате во виното, туку и ќе дадете значаен придонес.
Покрај винската понуда, ќе ве очекуваат и внимателно селектирани ракии, како и гурмански специјалитети во деликатесниот павилион.
Не пропуштајте! Осигурете си билет онлајн на Karti.com.mk и подгответе се за прекрасно винско доживување!