Грчаката енергетска компанија Protergia ја објави својата нова Божиќна реклама, едноставно насловена „Ресторанот“, со која им оддава почит на луѓето кои мораат да работат за време на празниците.
Рекламата прикажува ресторан кој напорно се подготвува за Новогодишната вечер. Главниот готвач со строг глас ги повикува вработените да останат концентрирани и да дадат сѐ од себе за да ја направат оваа вечер посебна за гостите. Но, иако вработените одговараат потврдно, нивните мисли се пред сѐ со семејството и пријателите.
Сепак, она што не го знаат е дека гости таа вечер ќе бидат токму нивните најсакани, во специјална приватна забава организирана од главниот готвач кој одлучил дека најважната ноќ во годината ќе им ја посвети на неговите вработени кои посветено работаат низ целата година.
Кампањата е создадена во соработка со креативната агенција The Newtons Laboratory од Атина.
„Повторно е сезона кога сите се подготвуваат за празниците. Сепак, за некои луѓе, празниците не поминуваат во славење со своите семејства. Тоа е напорен, заморен и тежок период во нивните животи. Затоа што, додека ние останатите се журкаме и славиме, тие мора да работат и да бидат далеку од нивните семејства. Оваа кампања е посветена на вредните работници. Оние посветените. Луѓето кои ги завршуваат работите“ – истакнуваат од агенцијата.