Грчката телекомуникациска компанија Cosmote ја објави својата нова Божиќна кампања, насловена “Real Connection” („Вистинска поврзаност“).
Во централниот спот на кампањата паралелно се претставуваат неколку приказни во кои технологијата и телекомуникациите не ги заменуваат или надминуваат вистинските човечки врски, туку само ги олеснуваат.
Па така, со оваа кампања, компанијата ги потсетува гледачите дека без разлика колку технологија еволуира и оди напред, ние треба активно да инвестираме во човечките врски бидејќи само тие можат навистина и суштински да нѐ поврзат.
Кампањата е создадена во соработка со креативната агенција Ogilvy Greece и продукциската куќа Foss Productions.